Мерцедесот на Хитлер не се продаде на аукција

Блиндираниот Мерцедец-Бенз 770K Grosser Open Tourer од 1939 година, во сопственост на Адолф Хителр, не се продаде на аукција овој викенд. Иако заинтересираните купувачи понудија седум милиони долари, „Супер мерцедесот“ не е продаден зашто не ја достигна најниската цена која ја постави неговиот сопственик.

Речиси 80 години стариот кабриолет го заплени американската војска во Франција по завршувањето на Втората светска војна. Оттогаш имаше неколку сопственици, а американските медиуми пишуваат дека во моментот е во сопственост на анонимен Русин.

Мерцедесот е оклопен со арматура од двете страни и по подот, ветробранот е отпорен на куршуми, а зад седиштата се наоѓа мобилна оклопна плоча.

Моделот е еден од осумте произведени мерцедеси во претсеријата на моделот B150 од серијата 770K, од кои пет преживеаја, а три се во приватна сопственост, вклучително и овој.

Scroll to Top