Место во Охридското езеро, годинава, светиот крст за првпат се фрлаше во казан во светиот храм Свети Никола Геракомија. Никола Чорбески од Варош беше среќникот кој го фати.
Поради пандемијата и почитување на мерките за заштита од коронавирусот, најмасовната црковно народна манифестација, која векови наназад се случува во Балканскиот Ерусалим, годинава беше откажана. Охриѓани сепак останаа верни на традицијата и се искапија за здравје во ладните езерски води.
Охридскиот градоначалник Константин Георгиевски, преку објава на Фејсбук апелираше граѓаните на Водици да се воздржат од традиционалните групирања за време на големиот христијански празник