Камен кој повеќе од 30 години служел како држач за врата всушност бил метеор чија вредност достигнува и до 100 000 долари. Ова го открила Мона Сирбеска, професорка по геологија на Универзитетот во Мичиген.
„Ова е највредниот примерок кој некогаш сум го држела во раката, парично и научно“, изјавила Сирбеска на новинарите и нагласила дека од почетокот знаела дека станува збор за „посебен камен“, пренесува „Хафинтон пост“.
Овој камен е тежок 10 килограми, а на Универзитетот каде што работи, го донел маж кој сакал да остане анонимен.
Тој на професорката ѝ рекол дека каменот го добил во 1988 година, кога го купил на фармата во Едмор во Мичиген.
Претходниот сопственик му рекол дека тој и неговиот татко го забележале падот на метеорот на неговата фарма во раните 30-ти години на минатиот век.
Сирбески навела дека голем број луѓе ѝ носеле камења на нејзината катедра, но дека се ретки случаите кога станува збор за необични камења.