Милијардер дава пет милиони долари за оној што ќе го реши овој проблем!

By
Шведскиот милијардер Ласло Зомбатфалви, основачот на „Глобал челенџ фаундејшн“, планира да му исплати пет милиони долари на оној што ќе успее веднаш да ја реши многу заплетканата ситуација во врска со прашањето со светските случувања. Како што Ласло напиша на интернет-страницата на својата фондација во неодамнешната објавена порака, на светот му се потребни нови идеи и филозофи на уредување на државата, со кои целата планета ќе се извлече од проблемите на кои не им се гледа крајот, а за решавање на причините можеби е предоцна. Наградата на „Глобал челенџ фаундејшн“ за 2017 ќе му биде доделена на оној поединец или група, универзитет, компанија или здружение кое може да се наоѓа каде било на планетата, а кои ќе предложат најдобро алтернативно решение за моделот за државно уредување, дури и тој предлог да биде нешто како поправен испит за што веќе постојат и се познати како целосно нови реформи на досега познати државни уредувања.Новиот модел мора да биде јасен и да ги дефинира проблемите и да укаже во која сфера на уреди би морало да се направат промените, а некои на кои и самата фондација укажува се – климатските промени, пренаселеноста и зголемениот број жители во одредени делови во светот, проблемот со сиромаштијата и слично!30 септември е крајниот рок за пријавување на предлозите, по што списокот со најдобри идеи ќе се појави на интернет-страницата на фондација, а во предлозите ќе биде вклучена и понатамошната имплементација со обврзувачки паричен надомест за најдобрата идеја!

 

 

 

Ќе ви се допадне