Милијардер ги споделил милионите со вработените, секретарката му се пензионирала на 36 години

By

Милијардерот Метју Молдинг (48) ги споделил своите милиони што ги имал со своите вработени, пренесуваат британските медиуми. Неговите вработени до толку се збогатиле што неговата секретарка можела да се пензионира и на 36 години.

То ја остварил една од најголемите исплати во британската историја кога цените на акциите во неговата фирма The Hut Group рапидно пораснале.

Молдинг исплатил неверојатни 933 милиони евра и целосно ги згрижил своите вработени во фирмата. Од благодарност кон посветеноста на работата, тој на вработените минатата година им поделил удел од околу 23 милиони евра.

Некои од нив со тоа станале мултимилионери и, едноставно, одлучиле да се пензионираат.

„Никој не доби помалку од неколку стотини илјади евра“, објаснил Молдинг.

Тој признава дека подоцна почнал да се занимава со деловни работи на интернет. Во 2004 година, со Џон Галемор, почнал да продава цедиња, а во изминатите 16 години неговото богатство рапидно се зголемило.

Неговата фирма поседува 100-ина веб-страници, кои се занимаваат со продажба на разни производи. Од козметика, па сè до протеински суплементи.

Иако The Hut Group на берзата се најде во септември, вредноста на акциите рапидно скокнала. Молдинг е татко на четири деца и живее во Ланкшир. Тој изјавил дека е работохоличар, кој со својата деловна империја управува преку мобилен телефон.

Работи во текот на целиот ден и пие по 20 шолји кафе. И, покрај сè, тој води сметка за своето здравје и редовно оди во фистес-центар. Сепак, често знае да си дозволи и луксузни патувања со семејството.

Годишната негова плата изнесува 750.000 фунти, од кои добар дел дава за добротворни цели. Уште дополнителни 10 милиони фунти дава за помош во борбата против коронавирусот.

Кога станува збор за вработените во неговата фирма, за кои тој се погрижил, секој од менаџерите, па до возачот што го вози до аеродром, добил одредена сума пари.

Неговата лична асистентка, благодарениа на парите од акциите што ги добила, одлучила да се пензионира на 36 години.

Ќе ви се допадне