Милијардерите во текот на пандемијата се збогатиле за 4.000 милијарди долари

By

Според извештајот на Институтот за политички студии, дваесеттемина најбогати милијардери на светот се збогатиле за 743 милијарди долари. Богатството на сите милијардери во светот, пак, било зголемено за 4.000 милијарди долари.

Овој извештај е објавен на порталот „Бизнис-инсајдер“ и покажува дека од 18 март 2020 година до 18 март 2021 година богатството на 2365 милијардери се зголемило за 54 проценти, односно за 4.000 милијарди долари, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Во извештајот се наведува дека 20-те најбогати милијардери се побогати за 742 милијарди долари, што е зголемување за 68 проценти.

Извештајот на меѓународната организација „Оксфам“, објавен на почетокот на 2021 година, покажал дека милијардерите се „потешки“ за околу 3.900 милијарди долари.

Во извештајот се наведува дека овие пари можат да помогнат никој да не осиромаши поради пандемијата на коронавирусот и дека можат да бидат доволни за да се купат доволно вакцини против Ковид-19 за сите.

Ќе ви се допадне

Watch Kimetsu no Yaiba Movie: Mugen Ressha-hen (Dub) Episode Preview at KissAnime kissanime discord

My Hero Academia (Dub) (https://gogoanime.be/m/MWP9) Episode 13 at GoGoAnime cautious hero gogoanime