Со милионите на Шумахер управува татко му

Германскиот таблоид „Бунте“ открива дека милионите што Михаел Шумахер ги заработи во славната Формула 1-кариера се под контрола на татко му, 72-годишниот Ролф Шумахер, и дека сопругата Корина и децата Џина Марија и Мик мора за која било инвестиција да го прашуваат стариот Шумахер.

Седумкратниот Ф1-шампион, Шумахер, имаше страшен пад при скијање во декември 2013 година по што беше на итна операција на мозокот и неколку месеци беше во медицински индуцирана кома пред неговото семејство да го премести во заедничкиот дом во Швајцарија.

Оттогаш за неговата состојба има многу малку информации бидејќи семејството ја штити приватноста, а неодамна дури и неговиот поранешен клупски колега од Ферари, Рубенс Барикело, призна дека не добил дозвола за посета.

Scroll to Top