Министерката за надворешни работи во Нов Зеланд е Маорка со тетоважа на лицето

Премиерката на Нов Зеланд, Џесинда Ардерн, го претстави својот прв вицепремиер, Нанаја Махута, која е Маорка и има традиционална маорска тетоважа на лицето. Махута е и првата виепремиерка која отворено се декларира како хомосексуалец.

Ардрен вели дека во иднина таа планира да ја промовира различноста меѓу луѓето кои ќе работат со неа. Нејзината партија убедливо победи на неодамнешните парламентарни избори. Приоритет на новата влада ќе ѝ биде одговорот на пандемијата со Ковид-19 и економска обнова.

„Ова е кабинет кој има големи вредности и талент, но исто така е неверојатно разновиден. Овој тим го одразува Нов Зеланд, од кој беше избран“, кажа Ардерн.

Таа за вицепремиер го назначи Грант Робертсон, но појасни дека тоа се должи на неговите лидерски способности, а не на сексуалната определба.

Scroll to Top