Мис на светот се откажа од титулата откако беше уапсена во Шри Ланка

Актуелната мис на светот, Керолајн Џури, се откажа од титулата, откако беше уапсена по инцидентот на изборот за мис Шри Ланка што се одржа во Коломбо на 4 април. Таа на сила ѝ ја тргна круната од главата на победничката и тврдеше дека е разведена и дека со тоа не ги исполнува условите да биде мис.

Џури во 2019 година беше избрана за мис Шри Ланка, а лани победи на светскиот избор.

„Оставката на Џури е доброволна и тоа е нејзина лична одлука. Никој не ја присили да се откаже од круната“, објавија организаторите на светскиот избор.

Круната сега ќе ја добие првата придружничка Кејт Шнајдер од Ирска. Сепак Шри Ланка го задржува правото да го организира годинашниот избор на Мис на светот.

 

Scroll to Top