Мистериозна огнена топка на небото над Перу

Мистериозна огнена топка во саботата била забележана на небото над Перу и ги збуни локалните жители. Топката била дел од сателит кој што паднал на земјата.

Перуанските воздушни сили брзо го откриле изворот, откако локалците во околината на Ларанкахуана пронашле топчест предмет. Тие ги известиле воздушните сили.

Перуанските воздушни сили (FAP) ги објавија фотографиите од остатокот од сателитот за да ги спречат теориите за НЛО.

– Според првичните резултатите на анализата, станува збор за складиште за гориво на искористениот сателит, односно на сателитот кој престанал да работи. Станува збор за вселенски отпад, изјави командирот Педро Палко.

Scroll to Top