Мистериозни карпи на секои 30 години „снесуваат јајца“

Геолошки феномен во кој од карпите редовно излегуваат јајцевидни камења во пречник од 20 до 40 сантиметри. Овој геолошки феномен не само што е реален туку и редовно се повторува. Карпите не раѓаат јајца туку камењата имаат форма на јајце.

Една од таквите мистериозни карпи се наоѓа во Кина, поточно во југозападна провинција Гизу. Досега луѓето од оваа област имаат пронајдено 68 парчиња, пишува „IFL Science“.

Во временски период од 30 години карпата висока околу 6 метри исфрла камен во вид на јајце кој потоа паѓа во нејзиното подножје. Обичната карпа има необичен феномен. Камењата се  големи од 20 до 40 сантиметри, а во близина се наоѓаат уште неколку помали „камани јајца“.

Карпата е создадена од вообичаен тип карпи од варовник кои настанале пред околу 500 милиони години. Јајцата се создадени од остатоци од седимент, објаснуваат експертите. Слични тркалезни камени карпи се појавуваат во други делови од светот, на пример во Колорадо, но никаде не се појавуваат во форма на јајце како во Кина.

Погледнете го видеото:

Scroll to Top