Млад американски актер пронајден мртов

Младиот актер Даниел Микелсон ненадејно починал на 4 јули. Тој имал само 23 години, а причините за неговата смрт засега не се непознати.

На социјалните мрежи се простија голем број колеги и фанови, меѓу кои и Парис Хилтон, Патрик Шварценегер, супермоделот Каја Гербер и ќерката на Синди Крафорд. Неговата сестра со емотивна порака се прости од него.

„Моето срце е скршено и тешко ми е кога го пишувам ова. Не знам што да кажам. Вчера го изгубив брат ми, мојот најдобар пријател другата половина од своето срце“, напишала таа.

Микелсон беше најпознат по улогата во сериите „Мани“ и хорор филмот „The Killer Clown Meets the Candy Man“.

Scroll to Top