Млада докторка од Струмица врати во живот девојка која се удавила во Дојранското Езеро

 На социјалните мрежи се објавуваат статуси со пофални зборови за медицинскиот тим кој бил дежурен на 11 август во амбулантата во Дојран. Особено за младата докторка од Струмица Елена Китанова, која во Дојран успеала да спаси  девојка која била без знаци на живот откако се давела во водите на Дојранското Езеро.

„Несебично и упорно се бореа и го спасија животот на девојката која беше без знаци на живот – но тие беа многу, многу упорни и не се откажуваа и фала му на господ го спасија животот на една млада девојка, исто така од Струмица“, пишуваат на социјалните мрежи.

„Сакам да го пофалам медицинскиот тим од Струмица, докторката Елена Китанова и сестрата кои беа дежурни во дојранската амбуланта и несебично и упорно се бореа и го спасија животот на младата девојка која беше удавена во водите на Дојранското Езеро и беше без знаци на живот. Нивната упорност ѝ го врати животот назад на девојката. Таква несебична борба за спасување на човечки живот треба да биде пример за сите лекари“ – пишуваат на Фејсбук граѓаните кои биле присутни.

Scroll to Top