Млади организираат корона-забави, па се обложуваат кој прв ќе се зарази

By

Во државата Алабама во Америка многу млади луѓе организираат таканаречени корона-забави на кои намерно се заразуваат едни со други. Освен што организаторите на забавите намерно ги покануваат луѓето позитивни на Ковид-19, тие се обложуваат кој од нив ќе се зарази прв.

„Во последните неколку недели се забележува зголемување на бројот на забави на неколку локации каде што доаѓаат студенти или деца, иако знаат дека се позитивни на коронавирус. На почетокот мислевме дека станува збор за шпекулации, но се покажа дека тоа навистина се случува“, рекол за локалните медиуми Ренди Смит, началникот на противпожарната единица.

Гостите на ваквите забави собираат пари во сад и ја даваат целата сума на лицето кое прво ќе се зарази.

Во ова се вклучила и полицијата, затоа што заразените лица кои присуствуваат на овие забави ја кршат регулативата според која изолацијата од 14 дена е задолжителна во случај на инфекција.

Во Алабама во моментов има 38.962 потврдени случаи на коронавирус, а 972 луѓе починале, според базата на податоци на „Њујорк тајмс“.

Ќе ви се допадне