Младо момче ѝ погледна на смртта во очи

На социјалните мрежи се појави едно видео снимено во Норвешка на кое се гледа како едно момче за момент ѝ погледна на смртта во очи.

Некои од децата кои излегоа од автобусот се обидоа да ја минат улицата на место каде што не беше обележан пешачки премин. Токму во тој момент од спротивната страна се појави камион и само благодарение на брзата реакција на камионџијата, кој успеа да навреме да ја стисне сопирачката, не дојде до поголема трагедија.

Видеото само за неколку дена го имаат погледнато повеќе од 800.000 луѓе.

Бројните коментари на „Јутјуб“ и „Редит“ укажувале на тоа дека освен брзата реакција на возачот, во ваквата ситуација уште поважна била неверојатната технологија на сопирање која компанијата „Волво“ ја вградува во своите камиони, на која многу се горди.

Scroll to Top