Момче паднало во шахта, а потоа бил затрупан од снег

By

Десетгодишно момче паднало во отворена канализациска шахта во селото Черемшан во руската република Татарстан.

Го извлекла жена член на спасувачки тим, која влегла внатре, а при спасувачката мисија си го повредила ‘рбетот, пренесуваат руските медиуми.

Како што се наведува во соопштението од медиумите, родителите на момчето во четвртокот вечерта го пријавиле во полиција исчезнувањето на момчето. Екипите ги пребарале целото село, шумата и брегот покрај реката.

Поради тоа што паднало во шахта длабока три метри, момчето плачело и викало додека имало сили, но на крајот заспало. Снегот кој паѓал брзо повторно го затрупал отворот.

Момчето е пуштено во болница каде што било згрижено поради хипотермија. Лекарите велат дека ќе смрзнал ако останел уште некој час во шахтата.

Ќе ви се допадне