Момче си играло криеница, па три часа заглавило во сефот на дедо му

Деветгодишното момче во германскиот град Берлин, кое си играло криеница со помладиот брат, мислело дека сефот е одлично место за да се скрие, но тука останал заробен три часа пред да го извадат пожарникарите.

Настанот се одиграл во петокот во домот на дедото на момчето, кој тогаш не бил дома, а тој бил единствен што ја знаел шестцифрената шифра за отворање металната кутија.

Членовите на семејството успеале да го лоцираат момчето, но не успеале да го отворат сефот затоа што не ја знаеле шифрата, па на помош ги повикале пожарникарите.

Тие првин се обиделе со разни комбинации на шифрата, но не успеале. Потоа морало да додадат кислород низ пукнатините на сефот за момчето може да дише.

Три часа подоцна, кога пожарникарите веќе биле решени да го скршат сефот, некој од нив ја погодил шифрата и момчето било ослободено.

Берлинската противпожарна служба на „Твитер“ објави дека момчето е добро, а пожарникарот Томас Кирстен спасувањето на деветгодишното момче го нарекол преран божикен подарок.

Scroll to Top