Морган Фримен ги навреди Србите и ги обвини за геноцид!

Во долгонајавениот документарец „Приказна за нас“, американскиот актер Морган Фриман тврди дека Србите се апсолутно виновни за војната на просторите на поранешна Југославија.

Прочуениот холивудски актер Морган Фриман (80) го обвини српскиот народ за геноцид и етничко чистење во Сребреница во долгонајавуваната документарна емисија „Приказна за нас“, која оди на каналот „Национална географија“.

Имено, епизодата прикажана пред два дена го покажува Фриман во Сараево и Сребреница, каде што се сретнал со босанскиот новинар Сенад Хаџифејзовиќ и неговиот син Феџ.

Опасни тврдења

„Што по ѓаволите се случило овде?!“, прашал Фриман шетајќи на гробиштата во Сребреница.

„Тоа што овде се случило е геноцид. Границата со Србија е многу блиску. Србите дојдоа овде и сакаа да ги убијат сите, сакаа оваа територија да ја одвојат од Босна и да ја спојат со Србија. Српската војска ги собра сите мажи, жени и деца и ги смести во фабриката. Таму ги раздвои, па мажите и децата беа однесени во планината и убиени. Тогаш почнаа масовните убивања, по 1.000 луѓе во еден налет“, изјавил Феџ Хаџифејзовиќ и додал дека не може да верува како некој може да направи такво етничко чистење.

Се нижат потресни слики од војната, а Морган Фриман вели: „Цела генерација се убиени овде. Бомбардираењто доведе до завршување на војната, но не ги спаси жртвите во Сребреница“.

На сето тоа, во еден од кадрите, кој требало да го улови почетокот на распадот на Југославија во 1992 година, прикажани се, од непозната причина, снимки настанати во Белград на 5 октомври 2000 година за време на демонстрациите! Во емисијата претходно неколкупати изнесени се тврдењата дека Србите се апсолутни виновници за војната на просторите на поранешна Југославија.

Нецелосен прилог

Со оглед на тоа дека емисијата е осмислена како документарна, парадоксално е тоа што ни Фримен ни кој било од новинарската екипа не му паднало на памет да ја слушне другата страна на приказната или да ги истражи сите факти. Од телевизиската куќа што ја емитувала оваа серија, вчера новинарите не успеале да добијат одговор на прашањата.

Елементарно непознавање

ГО ОДВОИ И КОСОВО ОД СРБИЈА

 

Американскиот актер Морган Фримен подоцна му даде интервју на истиот босански новинар, Сенад Хаџифејзовиќ, во кое изјави дека му е исклучително драго што е во Босна, но не пропушти уште еднаш да се огреши за Србите. Имено, кога ги наброи републиките што настанаа со распадот на Југославија, го спомена и Косово како независна држава.

Фримен е Афроамериканец и нему веројатно му е сервирана приказната дека во Сребреница се случило она што Америка им го правела на црнците со години. Да се потсетиме како Хилари Клинтон зборуваше дека во Сараево слетала под српскиот нож, па потоа се откри дека тоа било еден месец по потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор. Кучињата лаат како ќе им се плати!

Владимир Кецмановиќ, писател

ТЕНДЕНЦИОЗЕН ДОКУМЕНТАРЕЦ

Не слушнав за тој проект, но не ме изненадува да се работи такво нешто. Тоа, секако, не е добро за нас и многу е полошо кога се работи во форма на документирана серија затоа што од некоја причина во играните филмови лагата може подобро да се види. Ваквите тенденциозни документарни форми се далеку опасни и еден наш адекватен одговор би бил правење филм што би ја покажал другата страна на приказната и би укажал на вистината.

Бојан Димитриевиќ, историчар

ВОЕНА ПРОПАГАНДА

Изненаден сум што еден угледен уметник како што е Морган Фримен си дозволи да учествува во ваков проект и така да говори за српскиот народ. Тоа е стереотип што постои уште од август 1995 година на западното медиумско небо во војната во Босна. Се форсира приказната за српската одговорност и наводниот геноцид. Негативните стереотипи за нас не се ништо ново, но ме чуди што во 2018 година некои луѓе сè уште говорат со јазикот на воената пропаганда од деведесеттите години.

Ратко Божовиќ, социолог

БАЛКАНОТ Е ВО МАГЛА

Стариот оган не треба да се разгорува. Секоја приказна, а особено оние документираните, во која не се гледа целината и не се слушаат сите страни, не е добра. Вистината е добро да се зане за сè, но не е работата во тоа. Балканот е премногу во магла и денеска вакви работи би се правеле. Ми се чини дека странскиот свет, а не само медиумите, го толкуваат Балканот како срање.

Scroll to Top