Морине е човекот со чиј дрон се вееше знамето на голема Албанија

Министерството за правда на Србија упатило молба до италијанските власти за испорачување на Албанецот Исмаил Морине.

Морине се сомничи дека за време на мечот меѓу репрезентациите на Србија и Албанија во Белград во 2014 година го пуштил дронот со знамето на голема Албанија.

Со молба до италијанските надлежни органи испратена е документација против Морине, кој е во албански притвор, соопштуваат од српското Министерство за правда.

Морине се нашол во Италија кога неодамна хрватскиот министер за правда, Дражен Бошњаковиќ, одбил да даде согласност за негово испорачување во Србија, иако хрватското правосудство уште во септември минатата година утврдило дека законските услови за негова екстрадиција во Белград се исполнети.

Поради тоа, Морина од Хрватска е префрлен во Италија, каде што, според пишувањата на албанските медиуми, има каде да живее, а сега таму се наоѓа во притвор.

Правосилната одлука за исполнетите услови за испорачување на Морина во Србија, Врховниот суд на Хрватска ја донел на 5 септември, по што предметот е проследен до министерот Бошњаковиќ.

Србија го бара Морина поради кривичното дело предизвикување верска, расна и национална омраза затоа што на мечот на репрезентациите меѓу Србија и Албанија во Белград во 2014 година пуштил дрон со знамето на голема Албанија.

Против него по тој повод започната е истрага во Високото обвинителство во Белград. Тој во јуни во 2017 година бил уапсен во Дубровник по пуштена српска потерница и до префрлањето во Италија бил во екстрадициски притвор.

Од почетокот на екстрадициската постапка Морина се противел на испорачувањето, а албанските дипломати и политичари вршеле притисок за таа се одбие. Во детаљното образложениие во својата правосилна одлука Врховниот суд на Хрватска навел дека нема објективни околности што би укажувале дека не се исполнети условите за испорачување.

„Во конкретниот случај, од овие околности не може оправдано да се претпостави дека Морина не може да биде испорачан само поради тоа што е Албанец и поради своите политички убедувања да биде дискриминиран за време на судењето, односно дека поради тоа положбата ќе биде отежната“, се наведува во одлуката.

Видеото погледнете го на следниот линк:

 

 

Scroll to Top