Моцарт куглите одат во историјата: Компанијата што ги произведува заминува во стечај

Компанијата „Салцбург чоколади“ од Гредиг, позната по производството на слатките Моцарт, поднесе барање за стечај до провинцискиот суд во Салцбург.

Поради овој неочекуван крах, синдикатите заедно со работничкиот совет и раководството планираат да разговараат за состојбата и да ги информираат вработените. Иако компанијата бележеше профит во изминатите години, лани пандемијата силно ја погоди, напиша директорот Кристијан Шигерл.

Поради значително намалениот број на туристи, настани и прослави, забележан е пад на продажбата на чоколадни производи, а исто така и Моцарт куглите.

Падот на прометот од лани можеше само делумно да се компензира во новата деловна година, а покрај новите клиенти во извозот и државната корона помош и годинава, ќе се забележи огромна загуба поради минатото.

„Сегашното заклучување и значителното зголемување на цените на суровините, енергијата, платите, трошоците за логистика, материјалите за пакување се дополнителни причини“, додаде Шигерл, додавајќи дека на вработените не може да им ги исплатат ноемвриските плати, како и божиќниот бонус.

Инаку, оваа компанија ги произведува „Chocolate Bobby“, „Maria Theresa Thaler“ и „Salzburg Confishers“. Компанијата е основана во 1897 година под името „Реисигл фабрика за слатки“ во градот Салцбург, а во 1956 година е преместена во Гредиг.

Scroll to Top