„Моѕила“ ги повлекува своите реклами од „Фејсбук“

Фондацијата „Моѕила“ најави дека ќе престане да се огласува на „Фјесбук“ поради големиот скандал кој оваа социјална мрежа ја поврзува со давањето лични податоци на корисниците на други лица. Тоа го прави без никаква дозвола.

Фондацијата ќе „паузира“ со своите огласи, а со самото тоа ќе стагнира и заработката на „Фејсбук“. Ова ќе се случува сè додека Марк Цукенберг не покаже дека ја засилил заштитата и приватноста на корисничките податоци.

Денел Дикстон, која е задолжена за финансиите во „Моѕила“, објасни дека „Фејсбук“ направил голем број промени, но и понатаму постои многу простор  да се унапреди заштитата на податоците на луѓето и дека поради тоа нема да има огласувања, барем додека фондацијата не биде сигурна дека се целосно безбедни.

„Охрабрени сме од одлуката на Марк Цукенберг и неговото ветување дека ќе ги прошири мерките кои ја штитат приватноста на корисниците. Кога ‘Фејсбук’ со своите акции ќе покаже дека внимива како податоците на корисниците се делат, особено на трети страни и апликации, тогаш ќе размислиме да ги вратиме нашите огласи на неговите страници“, стои во соопштението на компанијата.

Со оглед на тоа дека компанијата остварила заработка од 520 милиони долари во 2017 година, ова нема да биде губиток кој Цукемберг лесно ќе го поднесе.

Експертите веруваат дека „Моѕила“ не е единствениот огласувач кој ќе ги повлече своите реклами од „Фејсбук“, и дека ова е само почеток.

 

 

Scroll to Top