Мозокот прави една неверојатна работа во моментите пред да умреме

Во моментот кога телото ќе почне да се гаси, мозокот дава се од себе да не подготви за заминувањето на „далечен пат“.

Во последните моменти од животот, повеќето луѓе доживуваат вонтелесно искуство, состанок со роднините на мирно место, чувство на голема поврзаност со универзумот, и ја гледаат прочуената светлина на крајот од тунелот. Но, што навистина се случува во тој момент?

Веројатно тогаш нема да се плашите од тоа што ќе се случи со вас. Едно истражување направи споредба меѓу испитаниците кои се навистина пред самата смрт и оние кои се замолени само да замислат дека умираат. Резултатот покажал дека што сме поблиску до смртта, на сето тоа гледаме позитивно. Можеби причината за тоа е лесното прифаќање на смртта кога знаеме дека таа е неизбежна, или причината за тоа се убавите сништа и визиите.

Истражувањето е спроведено во Њујорк, и покажало дека луѓето кои умираат сонуваат повеќе од здравите лица. 88% од испитаниците изјавиле дека имаат визија која изгледала посилно од обичните сништа. Повеќето од нив сонуваат како се состануваат со роднините кои повеќе не се меѓу живите, други сонувале подготовки за некое патување, или повторно го доживеале нешто што го доживеале во минатото. На тој начин, нивните сништа и визии се спротивставиле и го намалиле стравот од смрт.

Кога настапува клиничка смрт, нашиот мозок изведува еден неверојатен трик за да ни ги олесни најтешките моменти во животот и да ни овозможи слика благодарение на која се намалува стравот од она што следи.

Во него се јавува електрицитет, активност на поедини делови од мозокот, и почнува ослободување на неурохемикалии повеќе од нормалното. Оттука се забележува светлото кое сите постојано го забележуваат за време на умирањето. Тоа се случува на специфичен начин, а она што на самата смрт можете да го искусите е и:

– одличното расудување и внимателност;

– вонтелесно искуство, обично чувство на лебдење на сопственото тело;

– Животот ви се премотува пред очите;

– средба со роднините, неретко дури и со оние кои не сте ги запознале;

– ослободувачко чувство на мир и опуштеност;

Можно е да се искуси сето ова, или само некои работи. Невозможно е да се утврди што и во кој редослед ќе се случат работите. Според зборовите на оние кои биле на смртна постела, овие искуства ја прават смртта да не изгледа така страшно. Можеби никогаш нема да дознаеме што се случува по смртта, но умирањето прави да нашиот мозој направи се што може за да го олесни ваквиот премин.

 

 

Scroll to Top