Му дозволија да ја снима Северна Кореја од воздух – Една работа е очигледна, но и најчудна

By
Северна Кореја ќе им овозможи на туристите да ја посетат нивната земја, но нивното патување е строго ограничено.

Ретките снимки од главниот град на Северна Кореја покажуваат дека Пјонгјанг е исполнет со облакодери, но дека во нив речиси никој не живее. Фотографот Арам Пан од Сингапур, добил дозвола од севернокорејските власти да од воздух го сними Пјонгјанг, пренесува Дејли Мејл.

Целта на овој проект е да Северна Кореја се претстави низ слики и снимки. Тие покажуваат шарени згради и облакодери, современи автопатишта, надвожњаци и мостови.

Еден регион е исполнет со огромни ридови и мали куќички кои се изградени во редови. Тие се наоѓаат во близина на метрополата.

Најважниот дел од оваа снимка се патиштата и улиците на кои воопшто нема луѓе и автомобили. Во Пјонгјанг живеат околу 2.58 милиони жители.

Северна Кореја речиси 70 години е затворена за остатокот од светот, откако Корејскиот полуостров бил поделен на две земји.

 

Фотографот Арам Пан веќе неколку години го документира животот во оваа земја, и спаѓа во ретките државјани на кои тоа им е дозволено.

Властите во Северна Кореја им овозможуваат на туристите да ја посетат нивната земја, но нивното патување е строго ограничено.

Повеќето се кинески државјани, додека од Западот доаѓаат меѓу четири и пет илјади луѓе секоја година.

Погледнете го видеото:

Ќе ви се допадне