Му испратил порака на Вучиќ дека ќе го брани Косово до смрт

За војната во деведесетите многу од нив читале само во книгите. Повеќето никогаш не ни зачекориле на Косово. Војска не служеле. Во рацете држеле само пушка од пластика, а куршумите ги избегнувале само во играта „катер страјк“. Сепак се повеќе млади Срби, на социјалните мрежи се фалат и ги убедуваат другите дека е време за војна!

А, како и не би бил зачестен, кога секој втор збор во устите на политичарите е токму војна. Оние кои никогаш не доживеале војна, се запалени за нова војна, но прашањето е дали истите тие во неа би учествувале, или овој збор го користат само за собирање на лајкови на социјалните мрежи, додека безгрижно пијат алкохол низ кафаните или дигаат тегови по теретаните.

MA JESTELI BEBE MAWE? 🤗🤗🤗🤗

A post shared by Neguj mo srbski jezik (@negujmosrbski) on

Политичкиот аналитичар Бранко Раду, смета дека мал дел од нив во случај на конфликт, навистина би биле подготвени нешто да направат.

„Она што се случило на Косово со апсењето на Марко Џуриќ беше понижување за Србија, па природно е што луѓето се обидуваат да ги искажат ваквите фрустрации. Верувам дека кај повеќето било во прашање токму тоа, само момент на фрустрација која вербално се исполнила“, вели Радун.

Од децата на социјалните мрежи полоши се единствено оние малку постарите со кои би требало да оди епитетот „посериозни“, а повторно, никако не оди. Многу од нив играат на картата извитоперен патриотизам, кој се влече од омразата кон другите.
Иако самите се почесто се инструирани од страна, таквите луѓе успеваат лесно да запалат широк круг на млади луѓе, кои „паѓаат“ на нивната војничка иконографија, иако онаа која што ја користат од војската нема никаква врска со ова.

🇷🇸⚔️💪🐺

A post shared by Бојан Стојковић (@bojan_stojkovic_srbska_cast) on

Голема прашина на социјалните мрежи покренал Бојан Стоковиќ, еден од водачите на „Српска чест“, кој, реагирајќи на случувањата на северот на Косово, упати порака до претседателот на Србија, Александар Вучиќ. Тој му се обратил преку Инстаграм и со видео порака која е објавена веднаш покрај фотографијата со овесна каша со која го почнува денот, позирање од автомобил и дигање на тегови.

„Господине претседателе, во име на Српска чест и сите српски доброволци, со жандармеријата и српската војска, ви стоиме на располагање и подготвени сме за општа мобилизација на српскиот народ“, изјавил Стојковиќ во видео пораката.

Тој во пораката истакнал дека поентата на мобилизација не е одењето во војна, туку одбрана на своите огништа и заштита на српското население кое живее на Косово и Метохија.

„Да знаете дека ги имате на располагање сите српски доброволци кои се подготвени да го дадат животот за Косово и Метохоија“, порачал тој до Вучиќ.

Радун смета дека овој вид на порака не треба да се свати претерано сериозно.

„Луѓето како него не се важни, тие се минорни и маргинални. Тоа, во принцип е само еден поединец. Неговите зборови немаат никаква тежина. Постојат во Србија слични здруженија кои постојат со години и имаат членови. Во овој случај станува збор за „one man show“. Како кој било од нас да ја испратил пораката“, вели Радун.

И новинарот Драган Бурсаќ имал што да каже за оваа објава. Тој Српската чест ја нарекува „манекенско-билдерска група“ и прашува дали воопшто тој знае каде се наоѓа Косово.

„Постои опасност да некој на истата таа граница сериозно го свати и приведе, рани или убие. Тамо, знаете, се наоѓаат опасни и вооружани луѓе со други цевки и воена муниција, кој сакаат и ќе пукаат. И, објективно од нив не се очекува ништо друго“, напишал тој.

Тој вели дека не е целосно јасно каде би се упатил Стојковиќ со своите издепилирани војници на анаболички стероиди?

„Постои голема опасност да припадниците на жандармеријата и војската, кој одамна се протерани од Косово, онака нервозни, да простите, го претепаат и така целиот модар да го вратат назад во теретана“, дополнува Бурсаќ.

Психологот Зоран Миловјевиќ објаснува дека младите по природа реагираат исхитрено.

VANREDNO STALJE U GNJILANU POSLE OVE FODKE BOKIJOA OBILICA

A post shared by Neguj mo srbski jezik (@negujmosrbski) on

Младината секогаш е најзапалива. Кога во една држава се гради национална гордост, луѓето се чувствуваат навредени кога тој ќе се разниша и тогаш популацијата кај младите е најгласна. Но, не можат тие голораки да одат и да се тепаат и нивните закани се само младешка галама“, вели тој.

Инстаграмот на Обилиќ добро послужил за шега за многу групи на оваа социјална мрежа, па тоа изгледа вака:

 

 

 

Scroll to Top