МЗ: Нема хоспитализирано пациени со последици предизвикани од хроно исхрана!

Од Министерството за здравство информираат дека во клиниките нема хоспитализирано пациенти кои се пожалиле на последици предизвикани од популарната „Хроно исхрана“.

Фејсбук статусот со наводни последици на здравјето на голем број луѓе предизвикани од исхрана по режимот „Хроно исхрана“ се пренесува на повеќе интернет портали и предизвикува општа паника помеѓу големиот број на луѓе кои одлучиле да ги намалат килограмите токму со овој режим на исхрана.

Министерството за здравство на Република Македонија за летните денови препорачува консумирање на лесна храна и повеќе течности.

Scroll to Top