На 72 годишна возраст откриле дека биле заменети како бебиња

Даница Јунески и Линда Јоурдинис на 72 годишна возраст ја дознале неверојатната вистина која целосно им го променила животот.

Двете дознале дека како бебиња биле заменети во породилиштето во Минесота и дека го го живееле животот наменет за другиот, пишува NBS News.

Проблемот со потеклото го открила Јунески од Минеполис, преку страницата 23andMe, каде може да се направи ДНК тест. Откако направила ДНК тест се утврдило дека нејзината генеалогија не одговара на онаа од нејзините родители, браќа и сестри.

 

Истовремено внуците на Јоурдинис од Хамонд во Висконсин, го приметиле името на Даница на сопствените ДНК резултати. На тој начин Линда ја открила целата приказна и одлучила самата да го провери ДНК тестот.

Тие се родени во временска разлика од половина час, рано утрото во 1945 година. Јоурдинс вели дека никој не знаел како се случила размената. Се претпоставува дека медицинските сестри и бабици кои тоа утро биле на работа, нема да можат да ги пронајдат, но почнале со потрагата за објаснување.

И двете жени признале дека биле како црни овци во своите семејства.
Јунески вели дека била единственото дете кое немала никаков спортски талент, а татко и кој ја воспитувал бил професионален бејзбол играч.

„Често имав чувство дека не се вклопувам во семејството“, изјавила Јунески.

Од друга страна, Јоурденс раскажала дека таа сепак била единствената во своето семејство склона на спортот, и до навршените педесет години играла софтбол. Кога имала 17 години, нејзината мајка Рочел Нелсен починала од рак, а сега се шегува дека има нова мајка, 99 годишната Мариана Мајер која ја воспитала Јунески.

 

Scroll to Top