На аукција „поршето“ на Диего Марадона

Сребреното порше на славниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона, ќе биде продадено на аукција. Надавањето кое ќе се одвива на интернет, ќе трае до 10. март, а почетната цена на автомобилот изнесува 200.000 евра.

Марадона се возел во ова порше во далечната 1992 година, додека беше играч на шпанскиот тим Севилја. Тој во клубот пристигна, откако претходно ја одработи 15-месечната суспензија, поради позитивен тест на кокаин.

 

Таа сезона полицијата го запрела додека се возел во поршето низ центарот на градот. Фудбалерот поминал на црвено светло и ја надминал дозволената брзина. Возел со повеќе од 108 километри на час. Возилото на акцијата досега има поминато 120.000 километри.

„Автомобилот го возел само Марадона и поради тоа вреди два или три пати повеќе од стандардниот автомобил од оваа серија“, изјавил Грегори Туитенс, стручњакот за автомобили во акциската куќа „Бонхамс“.

Scroll to Top