На аукција продадено жолтото комбе на Дел и Родни

Една од најпопуларните британски серии „Сплетки“, освен што е позната по одличниот британски хумор, е препознатлива и по жолтото комбе кое го возеа Дел Бој и Родни Тротер. Комбето од 1968 година беше понудено на аукција во Лондон и продадено за 41.625 фунти. Комбето е опремено со патосници на кои пишува „Дел Бој“ и „Родни“, а ги има и крзнените коцки кои висеа на ретровизорот, но и гумената секси кукла на надувување која секогаш се гледа преку задното стакло.

 

Scroll to Top