На Божиќ во Русија

Денот кога се слави Божиќ во Русија, минува во радост и песна, а во некои помалку населени делови на Русија граѓаните практикуваат на тој ден да прошетаат низ улиците. Можат да се забележат гушнати момци и девојки, пеејќи коледарски песни. Според народните верувања, таа ноќ се случуваат чуда и најлудите желби можат да се исполнат.

И покрај тоа што од историјата тоа одамна се знае, припадниците на другите религии и народи, неретко се изненадени од податокот дека православниот свет Божиќ не се слави на 25 декември, туку на 6 и 7 јануари.

Поради тоа што припадниците на православниот свет, останале верни на Јулијанскиот календар, за нив првата Нова година всушност им претставува само вовед во Божиќ кој го дочекуваат на многу посветен начин.

Откако ќе минат низ ноќните обиколки во црквите, односно во нив ќе седат до полноќ, Русите прво си посакуваат по една желба за годината што следува пред нив.

Тие кои таа вечер не одат во црква, на телевизиите го гледаат преносот од литургијата, главната служба од Храмот на Христос Спасителот, во Москва, во која, во тој момент се наоѓаат најважните државници и црквени поглавари.

Наредното утро, сите врати на куќите се отворени за посета.

Трпезата е обилна и вкусна

Луѓето доаѓаат на гости и едни на други си го честитаат празникот, а неретко и странците се повикуваат на гозба. Во текот на Бадник, луѓето се воздржуват од храната. Обично рускиот народ рано нутро седнува на маса и руча во тој период.

На масата задолжително има сочно јадење, направено од пченица, јачмен, р’ж и сок од бадеми. На масата мора да има многу месни јадења, а задолжително треба да има печено прасе или полнета гуска со јаболки. Некои домаќинки подготвуваат и божиќен леб, и колач од бисквитно тесто.

Не го слават Бадник како нас, но затоа елката ја украсуваат ставајќи ја на врвот ѕвездата на Витлеем, која се појавила на неботото во моментот на раѓањето на Исус Христос. Во сите руски куќи може да се забележи и мал Божиќен венец, ѕвонче и свеќа.

Песна како вовед за исполнување на желбите

Денот се минува во радост и песна, некои помалку населени делови на Русија практикуваат да тој ден низ улиците одат гушнати момци и девојки, пеејќи коледарски песни. Според народните верувања, таа ноќ се случуваат чуда, но и најлудите желби можат да се исполнат.

Сепак, во поголемите градови дел од старите обичаи повеќе ги нема. Во многу домови, Божиќ почнал да се слави на „католички начин“, со поинаков тип на вечера и дарување на скапоцени подароци.

Треба да се потсети дека во време на Советскиот Сојуз, Божиќ бил забранет да се слави, но за радост на 39% од светската популација, православните во Русија, сето тоа повторно го вратија на свое место, и тие можат на 7 јануари да се веселат до раните утрински часови.

 

Scroll to Top