На бродот има 26 овци и десет кози, се бараат годините на капетанот

Учениците од петто одделение во едно училиште во кинескиот град Нанонч, во покраината Сечуан, добија да одговорат на невозможна задача.

„Ако на бродот се наоѓаат 26 овци и 10 кози, колку години има капетанот на бродот?“, гласеше задачата што многу бргу се прошири на тамошните социјални мрежи.

Фотографијата од тестот е објавена на кинескиот портал The Paper. Се разбира, веднаш беше јасно дека задачата е невозможно да се реши, но тоа не ги спречи учениците, но и корисниците на социјалните мрежи подоцна да понудат решение“, пренесува RT.com.

„Капетанот има 36 години. Прилично е нарцисоиден, па вкупниот број животни одговара на неговите години“, напиша еден ученик.

Други се обиделе да се водат од логично размислување.

Капетанот би требало да има барем 18 години затоа што малолетниците не можат да управуваат со бродот“, напиша тој.

По тоа прашање, основното училиште се најде на удар. Многумина сметале дека задачата нема никаква врска со математиката, па училиштето бргу испратило одговор.

„Улогата на образование не е да произведе стандардизирање резервни делови. Секој одговор може да одржува различна личност. Прашањето што може да има повеќе одговори е добро прашање“, велат од таму додавајќи дека задачата е поставена да го тестира критичкото размислување, без оглед дали имало точни или неточни одговори.

 

 

 

 

 

 

Scroll to Top