На „Фејсбук“ му се заканува банкрот

Основачот на „Фејсбук“, Марк Цукенберг, денеска ќе се појави пред американскиот Конгрес каде што ќе одговара на прашањата за скандалот што ја потресе компанијата.

Според сите негови досегашни настапи во медиумите, веќе може да се претпостави што ќе каже. Ќе се извини за сите проблеми кои настанале во последно време, од лажните вести, мешањето на други држави во американските претседателски избори, говорот на омраза и повредата на приватност, па како основач и шеф на компанијата ќе ја признае вината и ќе најави промени кои треба да ги решат проблемите.

Но, без оглед на резултатот на сведочењето, на „Фејсбук“ му се заканува уште еден голем проблем кој, само во теорија никако во пракса, би можел да значи крај на оваа компанија и социјалните мрежи.

Имено, Федералната трговска комисија (FTC) во САД покренала истрага против „Фејсбук“ поради кршење на спогодбата со „Фејсбук“ од 2011 година. Според таа спогодба, „Фејсбук“ е должен да ги испочитува правилата за приватност и заштита на податоците на корисникот, правилата за приватност мораат да бидат јасни и разбирливи, а за некои промени поврзани со приватноста и заштитата на личните податоци потребна е согласност од самите корисници.

По последните настани, FTC покренала истрага која е уште во прелиминарна фаза па досега не открила кршење на спогодбата, но како истрагата се шири, а особено по сознанијата поврзани со „Кембриџ аналитика“, речиси е сигурно дека комисијата ќе пронајде бројни кршења на спогодбите и дека им се заканува казна.

Колкава ќе биде таа казна, допрва треба да се види, но поранешниот претседател на FTC, Вилијам Ковачиќ, се пошегувал дека станува збор за повеќе пари отколку што во моментов има на планетата (мислел и на книжни и кованици), а цифрата е верувале или не – 7,5 милијарди долари, што се разбира би значело крај на „Фејсбук“.

До овие цифри медиумите стигнале имајќи го предвид бројот на голем број Американци на кои влијаел скандалот со „Кембриџ аналитика“ (71 милион) и бројот на корисници (околу 110 милиони). Сите тие биле загрозени ѝ од другите пропусти кои „Фејсбук“ ги признал, како на пример достапноста на личните податоци на корисниците преку пребарување на телефонските броеви и пораките на е-пошта. Па оттука најголемата можна казна што оваа компанија би можела да ја добие по изгубена тужба од корисник би изнесувала 41,484 долари.

FTC сигурно нема да удри по џебот на „Фејсбук“ со толкава казна, а „Вашингтон пост“ наведува дека бројката би можела да биде околу милијарда долари.

 

 

 

Scroll to Top