Кинеската компанија „Хуавеј“ би можел да го претстави сопствениот оперативен систем најкасно во пролет наредната година, откако му беше оневозможно користењето на оперативниот систем на „Гугл“ – „Андроид“, изјавил претставник на кинеската компанија Ју Ченгдонг.
„Хуавеи“ му е оневозможено користење на андроидот на „Гугл“, откако САД минатата недела го ставија кинескиот гигант на списокот на забранети правни лица.
Ченгдонг објави дека „Хуавеи“ наскоро ќе развие свој сопствен оперативен систем за паметни телефони, таблети и други паметни уреди, како и за телевизиски приемници и автомобили.
„Хуавеи“ системот би можел да биде достапен на клиентите најрано оваа есен, а најдоцна во пролетта следната година, изјавил Ченгдонг за кинескиот весник Finiks ajfeng tek, а пренесува порталот „Сибиз“.
Последните неколку недели се интензивираше трговската војна меѓу САД и Кина, па американското министерство за трговија им забрани на американските компании да продаваат технологија „Хуавеи“, без дозвола на владата.
Во понеделникот министерството најави 90 дневно одложување на ваквата мерка. САД ги обвинија „Хуавеи“ дека им помагаат на кинеската влада во шпионажата на други земји, иако тоа не го поткрпеиле со никакви докази, наведува „Сибиз“.