Малата Ѓурѓица ја води најтешката животна битка, но и покрај се, таа се труди да ја задржи насмевката на лицето. Од САНО, задружението за помош на деца со малигни заболувања и нивните родители, споделија дека малата Ѓурѓица добила на подарок перика за нејзиниот роденден.
Нејзина желба била за роденденот да добие перика, па САНО, Клиниката за детски болести и Медикус хелп и ја исполнија желбата.