Градоначалникот на Ротердам, Ахмед Абуталеб, на почетокот на април ќе реши дали ќе се одржи Евросонг или не. Ова го потврди неговиот портпарол, кој вели дека решението ќе зависи од ширењето на коронавирусот во земјата и од неопходните мерки за заштита.
„ЕБУ и Холандската јавна радиодифузија можат и самостојно да донесат одлука. Меѓутоа, јас имам правна одговорност и мислам дека е прерано да зборуваме на таа тема“, рекол вчера Абуталеб за холандските медиуми.
Вчера холандската влада објави нови мерки во борбата против понатамошното ширење на коронавирусот, па до 31 март ги забрани сите јавни настани кои е присуствуваат повеќе од 100 луѓе. Во Холандија се затворени и сите универзитети, но училиштата засега остануваат отворени.
65. издание на Евровизија треба да се одржи од 12 до 16 мај во Ротердам. Годинава на натпреварот ќе учествуваат претставници од 41 земја. Македонија ќе ја претставува Васил Гарванлиев со песната You.
(Видео) „Три невесте тикве брале“ во евровизиската песна на Васил Гарванлиев