На Велигден ги убил мајка му, брат му и осум деца

Џејмс Урбан Руперт (84) е еден од најлошите американски масовни убијци. На Велигден во 1975 година, во куќата на својата мајка во Хамилтон Охајо, убил 11 членови на семејството.

Џејмс живеел со мајка му Черити, а на тој Велигден им пристигнале неговиот постар брат Леонард јуниор, со сопругата Алм и осумте деца, на возраст од 4 до 17 години.

Семејството си играло со децата, бабата Черити готвела ручек, а Џејмс спиел. Се разбудил околу 16 часот, наполнил три пиштоли и пушка и се симнал меѓу семејството.

 

Ја миеле крвта од ѕидовите

Крвавиот настан почнал во кујната, каде ги застрелал братот, снаата и мајката. Потоа влегол во дневната соба и ги убил сите осум братучеџи и братучетки. Во секое дете пукал по три пати, за да се увери дека е мртво. Само кај едно застанал на еден куршум.

 

Се било готово за пет минути, а единствениот знак за борба била превртената канта за ѓубре. Убиецот три часа седел во крвавата куќа, а потоа повикал полиција, седнал на куќниот праг и ги дочекал. Не сакал да им одговара на прашањата и се правел луд.

Медиумите ископале дека неговата мајка сакала ќерка место Руперт и дека татко му Леонард бил насилен. Умрел кога Руперт имал 12 години, но неговиот две години постар брат Леонард јуниор продолжил да го малтретира.

Полицијата ги однела телата

Кога имал 16 години, Џејмс побегнал од куќата и се обидел да се обеси. Не му успеало и се вратил дома.

Комшиите го паметат како молчливо, пристојно и образовано момче, кое им помагало на другите. Сепак, го напуштил факултетот, не се оженил, а и понатаму живеел со мајка му. Поради тоа што пиел, не можел да ја задржи работата. Должел пари и на мајка му и на брат му, а мајка му се заканила дека ќе го истера од куќата. Почнал да пука и паднал во депресија.

Ова е куќата во која се случил масакрот – во неа сега живее друго семејство

Од друга страна, Леонард стекнал диплома од инжинер и се оженил со поранешната девојка на Џејмс. Заработил и изградил куќа, а потоа добиле осум деца.

Вечерта пред убиството Џејмс излегол во локален кафич и на својот познаник Ванди Бишоп му рекол дека неговата мајка му оди на нерви и дека тоа мора да го реши на некаков начин.

Апсењето

Екипата за увид утврдила дека Џејмс испалил 35 куршуми, а во куќата имало толку крв што капело и во подрумот. Зликовац е осуден на две доживотни робии, а на сослушувањето во 1995 година и 2015 година, одбиени му биле барањата за условно ослободување.

 

Scroll to Top