Најбогатиот човек на светот, Џон Пол Гети, одбил да даде пари за откуп за киднапираниот внук

Случајот со киднапирањето на младиот Џон Пол Гети Трети привлече големо внимание во јавноста во 1973 година. Овој случај сè уште буди голем интерес, особено поради фактот што дедото на киднапираното момче не сакал да плати откуп за својот внук. Сега целата приказна ќе биде прикажана на големото платно, па помладите генерации ќе можат да се запознаат со овој случај.

Џон Пол Гети Трети е познат под името Пол Гети, најстариот син на Џон Пол Гети Јуниор, и неговата жена Абигеј. Тој е и внук на американскиот нафтен тајкун Џон Пол Гети.

Во 1957 година магазинот „Форчн“ го прогласи Џон Пол Гети за најбогат жив Американец, додека Гинисовата книга за рекорди во 1966 година го прогласи за најбогат граѓанин на светот. Неговото богатство изнесувало околу 1,2 милијарди долари (приближно околу 8,9 милијарди долари во 2016 година).

Младоста

Поголемиот дел од своето детство го минал во Рим, Италија, додека неговиот татко водел семеен бизнис во оваа земја. Неговите родители се развеле во 1964 година, а татко му повторно се оженил во 1966 година со актерката Талитха Пол.

Го усвоиле хипи начинот на живот и поголемиот дел од слободното време го минале во Англија и Мароко во текот на 1960-тите години. Гети тогаш поголемиот дел од времето го минувал во својот интернат во Рим.

Во 1971 година бил исфрлен од училиштето затоа што преку ноќ ги ичкртал сликите во ходниците на училиштето. Подоцна таа година неговата маќеа починала во Рим од предозирање со хероин.

Неговиот татко по тоа се преселил во Англија, а тој останал во Италија. Посетувал клубови, барови, одел на журки, но од друга страна често присуствувал на левичарските демонстрации.

Наводно заработувал за живиот правејќи накит, продавајќи семејни слики, а дури се појавувал и во филмови како статист.

 

Киднапирањето

Кога имал 16 години бил киднапиран. Сè се случило на 10 јули 1973 година, кога во Рим го киднапирала криминалната група Ндрангхет.

За откуп барале 17 милиони долари. Кога стигнала порака со која бил побаран откупот некои членови на семејството мислеле дека е во прашање измама. Наводно киднапираното момче често се шегувало дека ќе изрежира сопствено киднапирање за  да извлече пари од дедо му.

Групата која го киднапирала се криела во планините. Тогаш киднаперите испратиле и друга порака, чија испорака доцнела поради штрајкот на италијанската пошта.

Џон Пол Гети Јуниор  побарал пари за откуп од својот татко, но тој го одбил. Дедото рекол дека ако  плати откуп, неговите останати 14 внуци исто така може да бидат киднапирани.

 

Тој исто така истакнал дека со плаќање откупот само ќе придонесе за зголемено безаконие, напади и дејствувања на терористички групи. Во ноември 1973 година стигнал пакет во кој имало перче од коса и човечко уво. До дневните весници била доставена и заканата дека момчето и понатаму ќе биде мачено ако семејството не плати 3,2 милиони долари.

Во пораката пишувало:

„Ова е увото на Паул. Ако не добиеме пари за десет дена, ќе стигне и неговото друго уво. Со други зборови, ќе ви го испраќаме дел по дел“.

Во таа ситуација неговиот дедо преговарал за да го врати внукот, а да плати само 2,9 милиони долари. На крајот платил 2,2 милиони долари. Момчето е пронајдено живо на станица во провинцијата Потенза на 15 декември во 1973 година, набрзо откако бил платен откупот.

На барање на својата мајка, момчето го повикал дедото да му се заблагодари што го платил неговиот откуп, но наводно Џон Паул Гети не сакал да се јави на телефон. Деветтемина киднапери биле уапсени. Двајца се осудени на затворска казна, додека останатите биле пуштени поради недостиг на докази.

Поголемиот дел од парите кои се дадени за откуп никогаш не биле вратени. Во 1977 година момчето имало операција со која му било средено увото кое киднаперите му го отсекле.

Подоцнежниот живот

Во 1974 година се оженил со Германката Гисела Мартин Закер, која била во петтиот месец од бременоста. На 18 години станал татко. Го добил синот Балтазар, кој подоцна станал актер.

Од сопругата се развел во 1993 година. Глумен во неколку европски филмови.

Како последица на киднапирањето, Гети станал зависен од дрога и алкохол. Во 1999 година, со уште неколку членови на семејството станал државјанин на Ирска.

Починал во 2011 година на 54 години по долга болест, а неговиот дедо починал три години по прочуеното киднапирање.

Наскоро ќесе појави фил кој ќе го обработува овој случај, „All the Money in the World“, во режија на Ридли Скот.

Видете го трејлерот:

 

Scroll to Top