Најбогатиот човек во историјата бил четири пати побогат од најбогатиот човек денес

Сопственикот на компанијата „Амазон“, Џеф Безос, неодамна стана најбогатиот човек на светот, а неговото богатство премина 100 милијарди долари. Тој, сепак, не е најбогатиот човек во историјата.

Таа титула му припаѓа на кралот на Мали, Манса Муса. Според магазинот „Тајм“, богатството на Муса, прилагодено за инфлацијата, се проценува на околу 400 милијарди долари.

Муса Кеита Први дошол на власт 1312 година, а кога бил крунисан го добил името Манса, што значи крал. Додека бил на власт, Манса драстично ги зголемил границите на својата империја, а по анектирањето на градот Тимбукту, неговата империја се простирала на околу 2 илјади милји, односно на територијата на денешни Мауританија, Сенегал, Гамбија, Гвинеја, Буркина Фасо, Мали, Нигер, Нигерија и Чад. За неговото богатство светот дознал во 1324 година кога тргнал во Мека, а со себе носел караван со десетина илјади војници, цивили и робови кои носеле свила и злато.

За време на кратката пауза во Каиро потрошил и донирал толку злато што предизвикал инфлација, пишува „Бизнис инсајдер“. По неговата посета на градот му биле потребни неколку години за да со соземе од кризата на валутата.

Во градот Тимбукту изградил неколку библиотеки и легендарната Ѓингурбер џамија, којашто постои и денес, а давал стипендии за студенти од целиот муслимански свет

Манса Муса починал во 1337 година, а го наследил неговиот син, Маган Први. По неговата смрт, неговото богатство било исцрпено со војни, но дел од постои и денес. Сè уште постојат библиотеки и џамии кои сведочат за златниот период на Мали.

Scroll to Top