Најдебелото дете на светот тежело 200 килограми

Арја Перман (12) некогаш имал дури 200 килограми. Не бил во можност да шета, да си игра и да седи без нечија помош. Бил толку голем што не можеле да му најдат ниту соодветна облека. Поради тоа што не бил во состојба да се движи, деновите ги минувал играјќи си на телефон, а понекгоаш и седејќи покрај базенот за да се разлади.

Откако се родил со 3,17 килограми. Арја јадел пет пати дневно, а често ќе изел и колку две возрасни лица.

Но, ова момче од Индонезија, усепал да направи пресврт во својот живот. Одел на хируршки операции за намалување на желудникот, па успеал да ја намали својата тежина на 121 килограм. Сега може нормално да се движи, да игра фудбал, и бадминтон.

Неговите родители Ројаках и Аде се обиделе да направат се за да му помогнат на својот син. Дури и го одвеле на лекар во своето село, но тој не видел ништо алармантно во целата ситуација.

„Беше постојано гладен и јадеше огромна количниа на храна. Понекогаш јадеше и по пет пати дневно, секогаш биеше уморен, се жалеше на дишењето. Само јадеше и спиеше. Најмногу ве боли кога детето ви пати“, изјави Ројаках.

„Ниту една мајка не сака да престане да го храни своето дете, но јас бев беспомошна. Немав пари да го однесам на лекар, а целата наша заштедувачка, ја дадовме за да се обидеме да го нахраниме“, изјави таа.

После операциите кои ги имаше во април минатата година, успеа да ослабе дури 19 килограми за три недели.

 

 

„Навистина сум среќна поради здравјето на мојот син. Не можам да кажам колку сум среќна. Тој пак беше одличен ученик, а потоа мораше да го напушти школото затоа што повеќе не можеше да оди. Се надевам дека наскоро ќе може да води нормален живот, како и сите други деца“, изјави Ројаках.

Аде објасни: „После операцијата, тој не можеѓе многу да јаде. Смееше да изеде само храна од четири лажички, и да пие диетално млеко. Ако изеде повеќе од тоа, веднаш ќе го поврати“.

„Не му беше дозволено да јаде шеќер и јаглено хидрати. Многу сме среќни што е енергичен, и што може да игра фудбал и бадминтон. Тој шета и трча два километри секој ден, а веројатно ќе мора да оди на уште една операција“, изјави таткото.

 

Scroll to Top