Најгледаниот оглас објавен на Фејсбук од руски хакери, прегледан преку милион пати

Најуспешната реклама на Фејсбук која ја рекламирала групата „Back the Badge“, ја промовирала поддршката за храбрите полицајци и успеала да измами повеќе од 1.334.000 луѓе.

Всушност се работи за групата која ја покренала Агенцијата заистражување која објавила повеќе од 80.000 постови кои се однесувале на одбрамбените проблеми во САД. Групата се претставила и како група на активисти кои ги поддржувале луѓето со црна боја на кожата и Трамп, но станувало збор за лажна поддршка на полицијата.

Фејсбук во соработка со законодавниот систем се обидел да дојде до податоците за тоа како сите овие огласи се платени, колку луѓето ги гледале и како одговорните ја креирале оваа кампања. Групата имала 111.113 обожаватели пред Фејсбук да ја прекине кампањата. Огласот кој е поставен на 19 октомври 2016 година, само 20 дена пред претседателските избори во Америка, имал 1.334.544 прегледи и 73.063 кликови.

Ова бил еден од најгледаните огласи на Фејсбук, а огласувачите ги чинело 1,788,66 долари. Огласот можеле да го видат сите кои биле заинтересирани за полицијата, службите за итни случаи, шерифите, но и здруженијата на жени во полицијата. Пред надлежните да го запрат огласот, Фејсбук ги известил корисниците дека биле изложени на содржината. Компанијата рекла дека руските агенти потрошиле вкупно 100.000 долари на огласите.

 

Scroll to Top