Најголемиот бункер на светот се наоѓа во срцето на Европа

На местото каде некогаш се наоѓал воен бункер во срцето на Чешка, денес е изграден најголемото и најлуксузно приватно засолниште на светот, супербункерот Опидум со големина од преку 7000 квадратни метри.

Осмислен е своите станари да ги сочува и од крајот на светот или нуклерна војна. Бункерот е опремен со хелиодром, луксузни подземни простоии, тајни ходници кои го поврзуваат со зграда на површината и простории под неа, кои на станарите им овозможуваат брзо да се засолнат доколку почувствуваат загрозеност.

Местото е стратешки избрано во централна Европа, во близина на Прага. До бункерот од Лондон или Москва може да се стигне за помалку од два часа. Надворешниот дел на бункерот делува сосема неупадливо, но под земјата се работи за импрсивно издание. Практично луксузна палата направена во камен.

Луксузните простории, вклучувајќи ги и детските спални соби се заштитени со блиндирани врати. Истото е и со купатилата кои се опремени со џакузи, кино, играчници, базен, теретана, спа центар и бар.

Бункерот има и подземна градина, која е осветлена со симулирано природно светло. Исто така има и приватни трезори во кои можат да се чуваат големи богатства.

Сопствениците на супербункерот се поврзани со мрежа за комуникација, а целиот бункер е самоодржлив. Кога е во прашање безбедноста, приказната за бункерот по малку потсетува на шпионските филмови.

Опремена е со технологија од типот на земање0 отпечатокот од прст за идентификација, до систем за препознавање на зениците на окото, како и најсовремен видео-надѕор.

Поранешниот шеф на чешката известувачка служба и експерт за безбедност Андор Сандор вели дека бункерот е единствен по тоа што ги обединува најсовремените безбедносни системи со луксуз и удобност.

Ова е најголемиот таков објект на светот за кој се знае. Изградбата на супербункерот почнала во 1984 година, за време на Студената војна. Станува збор за заеднички проект на владите на тогашната Чехословачка и Советскиот сојуз.

Тимот кој стои зад него, вели дека во развојот на објектот, вложени се огромни средства. Тој е граден во време на исклучително затегнати односи во светот и денес такво нешто не би можело да се повтори.

Бункерот овозможува на станарите да преживеат природни катастрофи или катастрофи предизвикани од човечки фактор, како и прекин на снабдување со струја во период од 10 години.

„Бункерот може да осигура долготрајно сместување на станарите, доколку биде потребно и во рок од 10 години. Тоа вклучува големи залихи на нерасиплива храна и вода, како и опрема за пречистување на водата, лекови, операциони сали и мрежи за комуникација со надворешниот свет“, вели Сандор.

Scroll to Top