Најголемото панорамско тркало на светот од октомври почнува со работа

Како што соопштуваат од Дубаи, на 21 октомври  на оваа туристичка локација ќе се отвори најголемото панорамско тркало на светот со висина од 250 метри, што е за 80 метри повисоко од моментално најголемото панорамско тркало во Лас Вегас.

Конструкцијата на Аин Дубаи ќе има 48 затворени кабини од кои одредени ќе можат да примат и до 40 патници. Вкупно 1.750 заинтересирани граѓани ќе имаат можност во еден момент да го разгледуваат градот од ова величествено здание.

Scroll to Top