Најмладиот криптомилијардер во светот ѝ донирал милијарда долари на Индија во борбата против коронавирусот

By

Најмладиот криптомилијардер во светот, Виталик Бутерин, доинирал повеќе од милијарда долари на Индија, во борбата против коронавирусот, пренесуваат светските медиуми. Виталик, пред неполни две недели стана најмладиот познат криптомилијардер во светот.

Тој донираше милијарда долари во криптовалути, во фондот „Индија ковид рилиф“ и во низа други добротворни организации. Тој е творец на криптовалутата ethereum, која минатата недела за првпат ја надмина вредноста од 3000 долари на неколку главни крипто-берзи.

Тоа е пораст за дури 325% од почетокот на годината. На тој начин Бутерин, на само 27 годишна возраст, стана милијардер. Тој на 12. мај донираше 50 билиони SHIB токен, во вредност од 1.2 милијарди долари во фондот „Индија ковид рилиф“.

Во април, организацијата донираше околу 600.000 американски долари во облик на етер и токен (MKR), пишува „Форбс“.

Младиот Русин, Виталик, има канадско државјанство. Тој е роден во градот Коломна, во околината на Москва во 1994 година. Со семејството емигрирал во Канада, кога имал само шест години. 15 години подоцна, во 2015 година, тој ja создал криптовалутата ethereum, која во меѓувреме стана втората најголема криптовалута во светот.

Пред да заплива во светот на криптовалутите, Бутерин како дете бил страствен гејмер и со години ја играл култната онлајн мултиплејер игра World of Warcraft. Се откажал, како што самиот тој вели, откако Bizard ја тргнал неговата омилена магија од играта.

„Заспав плачејќи и тој ден сфатив какви ужаси можат да донесат централизираните услуги“, напиша тој во својата биографија.

Во 2012 година освоил бронзена медала на Меѓународната олимпијада по информатика, а неговиот амбициозен план на креирање на нови криптовалути, му овозможила, меѓу останатото, стипендија од 100.000 долари од милијардерот и инвеститор Питер Тиел.

Оваа стипендија била наменета за студенти и млади кои сакале да покренат проекти надвор од Универзитетот, односно да им даде 100.000 долари на оние кои сакаат да градат нови работи, наместо да седат во училница.

Сепак, развојот на криптовалутата ethereum, е финансиран со средства добиени и наменети за интернет платформи. Платформата официјално е почнала на 30. јули 2015 година, со почетна залиха од 72 милиони коини (назив за единица на криптовалута) етер.

Американското економско списание Fortune, во 2016 година, го стави Бутерин, на годишната листа на највлијателни лидери од различни домени на општеството, помлади од 40 години, наречени „40 под 40“. Тој е опишан како момче гение, кој стои зад втората најпопуларна криптовалута во светот.

Таа тогаш имала пазарна капитализација од 30 милијарди долари. „Форбс“ во 2018 година го стави на својата листа на најбогати луѓе во криптовалути, наведувајќи дека неговата платформа etereum, e темелена на технологија блокчејн, има пазарна капитализација од 100 милијарди долари и дека соработува со информатички, енергетски и финансиски гиганти како „Мајкрософт“.

Пазарната вредност, од тогаш се искачила на 376 милијарди долари.

 

Ќе ви се допадне

Overlord: The Undead King (https://animedao.nl/m/VwNl) Episode Full

ANIMEFLIX Watch english anime Online in HD for FREE

Website https://animebee.to: Watch Jintian Kaishi Zuo Mingxing animebee Episode 14 watch anime

4Anime Watch anime online, English anime online HD

Goodreads: https://www.goodreads.com/user/show/137088216-anime-freak

Seedandspark: https://seedandspark.com/user/gogoanimebe