Најпознатите картички за лојалност во Македонија се happy картичките на Нептун

Компанијата Нептун на своите потрошувачи долги години им овозможува поволности при купувањето. Па, освен добропознатите happy картички, како новина ги воведе Digital happy картичктa и haPPy MasterCard кредитната картичка, кои значат дополнителни попусти и поврат на пари на сметката на потрошувачите, како и можност за плаќање на рати.

Филип Копановски, раководител на одделот за лојалност, финансирање и услуги во Нептун Македонија вели дека Нептун haPPy картичката за лојалност овозможува низа предности и бенефиции за сите нивни членови. Крајната цел им се задоволни купувачи и врвно купувачко искуство.

„Како предности би ги издвоил: купување по haPPy цени, вредносните ваучери, достава, промоции, поддршка, монтажа, но и пристап до финансиски производи во соработка со деловните банки. Во нашата лојалната програма се предвидени и понапредни нивоа на членство кои значат уште поголеми поволности и бенефиции за клиентите. Детални информации за поволностите и условите може да најдете на следниот линк: https://www.neptun.mk/happyinfo.nspx

Нептун haPPy лојалната картичка годинава слави јубилеј, 6 години од нејзиното воведување на пазарот. Во овој период, компанијата издала преку 300 илјади картички.

„Ни претставува исклучително големо задоволство што Нептун haPPy лојалната картичка беше доста брзо препознаена и прифатена од нашите членови. Во овие 6 години, со постојан и стабилен раст успеавме да издадеме 300.000 картички за лојалност, број што ги надмина сите наши проекции и очекувања, и во исто време претставува обврска и одговорност да обезбедиме врвно купувачко искуство и задоволни клиенти. Попустот при пазарењето со оваа картичка е само еден дел од целокупното купувачко искуство, а зависи од карактеристиките и условите на промотивните акции“, додава Копановски.

Дигитализацијата на компанијата, пак, доведе до потреба да се создаде Digital happy card, која им помага на купувачите да ги имаат истите бенефити при онлајн шопингот како кога купуваат во салоните на Нептун.

„Нептун е современа компанија што ги следи светските трендови. Дигитализацијата е еден од клучните процеси што се одвиваат не само кај нас, туку и во ‘Балфин Групацијата’ од која сме дел. Наш приоритет се секогаш купувачите и нивното купувачко искуство да биде на највисоко ниво. Новото време налага клиентите да добијат подеднакво врвно купувачко искуство и онлајн на нашата веб страница, но и преку мобилната апликација. Затоа беше потребно happy картичката да се трансформира за членовите да ги имаат истите бенефиции и кога пазарат онлајн. Тоа значи дека сите што веќе имаат happy картичка може да ја дигитализираат, односно да креираат акаунт на нашата веб страница или мобилна апликација. Оние што немаат happy картичка може лесно да купат онлајн и веднаш да станат дел од нашата лојална програма. Дигиталната happy картичка се впишува во акаунтот на купувачот и со неа може да се купува онлајн, но и во продавниците така што ќе ја прикажат на каса преку смартфон. Дополнителен бенефит е тоа што дигиталната happy картичка може да се набави онлајн на попуст од 50%“, вели Никола Митревски, маркетинг координатор.

Новина во Нептун е и Happy mastercard кредитната картичка. Димитар Стојковски, менаџер за односи со клиенти во Неп лојалити вели дека ова е ко-брендиран производ помеѓу Нептун и НЛБ Банка. Таа е поддржана од соодветна програма за лојалност со која управува компанијата Неп Лојалити.

„Се работи за кредитна картичка со програма за лојалност, а со кој секој клиент се наградува за своето купување во компанијата. Односно, корисниците на картичката добиваат пари назад на својата картичка при секое свое купување. Корисниците добиваат и заштедуваат до 10% во рамките на партнерската мрежа и 0,6% кешбек надвор од мрежата на партнери, без оглед на тоа дали се купува во земјата, во странство или на интернет. Мрежата на партнери во моментов ја сочинуваат преку 300 трговски брендови и е застапена на повеќе од 1,000 продажни локации во земјата“, вели Стојковски.

Не постои специфична група на клиенти за која е наменета оваа картичка. Тоа е едноставен масовен производ чија цел е да го награди клиентот за секое негово купување, па секој може да ја има и да ја користи без ограничувања.

„За картичката може да се аплицира во продажните салони на Нептун и во експозитурите на НЛБ Банка. При аплицирање за картичката, клиентите можат да изберат за плаќање со картичката во рамки на одобрениот кредитен лимит пред истата физички да ја добијат. Целиот процес на одобрување трае десетина минути, а клиентите си заминуваат со купените производи веднаш. Картичката ја добиваат на домашна адреса, со лимит намален за потрошениот износ. Покрај тоа, клиентите секогаш ја плаќаат цената со попуст, на која добиваат 2,4% кешбек, а и можат да платат на рати без камата, во зависност од производот или тековната промоција. Главната предност при купувањето со картичката е враќањето на пари. Клиентите секогаш добиваат кешбек, немаат ограничувања на добиениот износ, го добиваат и кога купуваат производи на попуст, промоција. Дополнително, клиентите можат изберат да купуваат на рати без камата, да комбинираат производи на попуст со кешбек, да добијат екстра кешбек, подароци и слично. Еден голем пакет на бенефиции кои ги нуди единствено haPPy Mastercard“, додава тој.

Scroll to Top