Најскапиот хотел во светот орбитира во вселената

Првиот луксузен хотел во вселената под името „Aurora Stejsn“, според планот, би требало првите гости да ги прими во 2022 година. Тие кои се подготвуваат за ваков вид на туризам ѝ одморот го минат во вселенското летало треба да подготват 7.737.000 евра.

Хотелот може да прими шест гости истовремено, вклучувајќи ги и двајцата членови на екипажот. Предвидено е да патувањето и престојот траат 12 дена.

Патницит екои можат да си дозволат авантура од околу 7.5 милиони евра, ќе можат да летаат на висина од 320 километри над површината на Земјата, од каде ќе можат да уживаат во неверојатните слики на нашата планета.

Гостите ќе можат да видат 16 изгрејсонца и зајдисонца, во текот на 24 часта, затоа што хотелот ќе орбитира околу Земјата секои 90 минути.

Патниците во хотелот ќе имаат одлична услуга, а пред полетувањето во вселената ќе мораат да минат тримесечна обука. Во моментите на враќањето на Земјата, за сите патници ќе биде организиран свечен дочек.

„Нашата цел е да ја направиме вселената достапна за секого. Патниците до хотелот ќе патуваат брзо и по најниска цена досега“, изјавил основачот и директорот Френк Бангер.

 

Scroll to Top