Најстрашното место на Земјата во Јужниот Пацифик во кое нема жива душа

Кинеската вселенска лабораторија „Тијанггон 1“, која неконтролирано паѓа кон земјата поради дефект, речиси сигурно нема да ја погоди изолираната точка во Јужниот Пацифик, позната како Точка Немо.

Ова место, кое инаку е најодалеченото место на Земјата, всушност претставува еден вид на водени гробишта, полни со титаниумски резерви за гориво и друг високотехнолошки крш и отпад од вселенски летала.

Точката Немо која го добила името од романот на капетанот Жил Верн, е најодалечената точка од копното од која било друга точка на светот и тоа 2688 километри од островот Питкерн на север, Велигденскиот остров на северозапад и островот Махе во делот на Антарктикот на југот.

Тоа е најповолна локација за контролирално рушење од вселената затоа што никаде во близина нема живи души“, вели Стејн Леменс од Европската вселенска агенција (ЕSA).

Тој додава и дека се работи за место кое е биолошки сиромашно, поради што и станало вселенска депонија, односно гробишта во кој воглавно завршуваат вселенските теретни бродови.

На овие „гробишта“ погребани се меѓу 250 и 300 вселенски летала, кој во поголем дел изгореле при влезот во Земјината атмосфера.

Најголемиот објект кој паѓал од небото (2001 година) во точката Немо била руската вселенска станица Мир, тешка 120 тони.

„Последните години Русите тука ги „погребуваат“ своите вселенски теретни бродови“, објаснува Леменс.

Огромната Меѓународна вселенска станица (ISS) со своите 420 тони исто така ќе заврши во точката Немо во 2024 година.

Се планира во иднина повеќето вселенски бродови да бидат изградени од материјал кој се топи на пониски температури па ќе биде малку веројатно да кој било нивен дел го преживее влезот во атмосферата. И НАСА и ЕСА, на пример произведуваат резервоари за гориво од алуминиум наместо од титаниум.

Кина својата прва вселенска лабораторија со екипаж ја лансирала во 2011 година. Таа контролирано требало да се сруши во Тихиот океан, но кинеските инеженери изгубиле контрола над станицата пред две години. Од тогаш осум тони тешкиот „Тијангонг 1“ паѓа неконтролирано и не се знае каде може да заврши.

 

Scroll to Top