Најсуровите хороскопски знаци: кои се најчестите енергетски вампири

Во модерно време сè повеќе ги има оние што сопствената енергија и душевната храна ја црпат од сознанијата дека на другите им оди полошо во животот отколку ним.

Најчесто ги нарекуваме енергетски вампири, а астролозите тврдат дека најчесто се раѓаат во овие четири знаци:

Стрелец

На прв поглед изгледаат љубезно, но тоа е само нивната маска. Стрелецот никогаш нема да пропушти можност да го извлече она што му треба од некоја личност. Вешти манипулатори се и ги користат луѓето како би стигнале до зацртаните цели.

Тој ќе ви стане најдобар пријател, а потоа од вас ќе го земе сето она што му треба, потоа ќе ви сврти грб и повеќе никогаш нема да ви се јави.

Јарец

Во овој знак се раѓаат луѓето што на сите им завидуваат на успехот. Тие сакаат да шират приказни за другите и да уживаат во туѓото страдање.

Во крвта им е да ги понижуваат другите и често мислат дека се во право и немаат ниту една мана. Кога ви е лошо во животот, Јарецот секогаш ќе се најде во близина да ви долее сол на раната.

Лав

Претставниците на овој хороскопски знак, едноставно сакаат да им го расипат животот на оној што им стапнал на нерв. Тие се мајстори на одмаздата, тоа го прават смислено и плански.

Многу лесно губат нерви поради туѓиот успех, ако на некоја личност ѝ оди добро, таа веднаш му станува главен непријател на Лавот. Претставниците на овој знак имаат потреба да бидат секогаш пред сите, на врвот и во центарот на вниманието, па често чувствуваат љубомора и бес поради туѓите успеси.

Шкорпија

Тие уживаат да ги уништуваат животите на другите, без некоја посебна причина, едноставно уживаат во фактот дека некој страда. Дури и ако бидат откриени, ќе најдат многу причини да се оправдаат, но никогаш нема да ја признат својата вина.

Најмногу уживаат во интриги и трачови. Овие личности не се ни обидувајте да ги промените.

Scroll to Top