Ѝ наплатиле 500 долари за јаболко што го добила бесплатно во авион

Американката Кристал Тадлок се шокирала кога на аеродромот едно јаболко, кое инаку се добива бесплатно во авионот, ѝ било наплатено 500 долари.

Кристал се враќала од Париз во својот дом Денвер, но во Минеаполис морала да се префрли со друг лет.

Бесплатното јаболко што го добила од персоналот „Делта ерлајнс“, компанија со која допатувала од Париз до Минеаполс, станало вистинска кошмар, пренесува „Дејли мејл“.

Јаболкото било запакувано во пластична ќеса со ознака од компанијата „Делта“, а поради тоа што Кристал не била гладна, се одлучила да го сочува за својот друг лет.

Сепак, кога ја минувала царината нејзината торба, по случаен избор, завршила на проверка, а цариникот тогаш од торбата го извадил јаболкото, кое сè уште било спакувано во пластична ќеса со логото на „Делта“.

Ме праша дали мојот пат во Франција бил скап. Му одговорив дека беше прескап, но не ни сфатив зошто ме прашува, а тогаш ми рече дека сега ќе биде уште поскап зашто треба да ми наплати дополнителни 500 долари“, вели Кристал за „Фокс 31“.

Го прашала цариникот дали може да ја изеде на лице место или, пак, да го фрли, но службеникот не го дозволил тоа туку само пополнил формулар за царинење.

Се утврдило дека компанијата „Делта ерлајнс“ требало да ги предупреди своите патници, за последиците со кои многумина се соочуваат доколку задржат овошјето го добиваат на нивниот лет. Кристал била фрустрирана од постапката на цариникот, кој ја третирал како најлош криминалец и покрај тоа што се работело за грешка од незнаење.

Како што истакнала Кристал за локалните медиуми, правдата ќе ја бара на суд.

Компанијата „Делта ерлајнс“ соопштила дека своите патници ќе ги советува да го следат протоколот за царина на границите на Соединетите Американски Држави.

Од друга страна, американската царина и граничната патрола истакнува дека не ги коментира конкретните инспекции, но сите земјоделски производи мораат да бидат пријавени.

Scroll to Top