Направен софтвер кој може да предвиди кога некој ќе умре

By

Научниците од Универзитетот Стенфорд направиле вештачка интелегенција која со сигурност од 90 проценти може да предвиди кој пациент во болница ќе почине.

Иако звучи прилично контроверзно, тимот на научници тврди дека нивната работа драстично може да ја подобри грижата за пациентите кои се пред самата смрт, како и да им помогне на нивните семејства.

Точното предвидување кога лицето би можело да умре, би им овозможила на болниците можност да ги исплнат на своите пациенти пред смрт, нивните последни желби, како и да ги направат сите важни разговори со семејствата пред да биде доцна за тоа.

Тимот на научници објаснува дека во реалниот живот, постојат големи неусогласувања околу тоа, како пациентот би сакал да живее пред самиот крај на неговиот живот и делот за тоа како тој обично завршува.

Судејќи според податоците кои научниците на Стенфорд ги собрале, дури 80% од Американците би сакале да своите последни денови ги минат по дома, а дури 60% од нив на крајот умираат во болница.

Научниците собрале податоци од околу два милиони пациенти, за да направат длабока невронска мрежа.

„Можеме да направиме предиктивен модел користејќи ги собраните податоци од болницата, кои потоа ги споредуваме внимателно со дизајнираните експериментални истражувања“, изјави Ананд Авати, доктор по компјутерски науки во Лабораторијата за вештачка интелегенција од Универзитетот Стенфорд.

 

 

Ќе ви се допадне