Направен уред кој може да ја открие вашата ДНК за три минути

By

Научниците од универзитетот во Колумбија и нивните колеги од њујоршкиот центар за гени направиле софтвер, кој може да идентификува нечија ДНК за само неколку минути.

Нивниот изум може да се примени на повеќе сфери, меѓу кои се и истражувањата на местата на злосторствата, во некои вонредни ситуации кога е потребна брза идентификација на луѓето, но и во научни истражувања.

Научното истражување на споменатиот тим е објавено во магазинот „Е-лајф“, каде што тие истакнуваат дека успеале да развијат брза, евтина, прецизна и преносна стратегија за идентификување ДНК на човекот.

Постојат милион уреди со големи кредитни картички, чиј редослед на нуклеотиди и ДНК се читаат со помош на микроскопските пори кои се наоѓаат на површината на кожата. Инаку, нуклеотидите се градежни блокови на ДНК и се означуваат со почетните букви од нивните имиња – А (аденин), T (тимин), C (цитозин) и G (гварин).

За некого да идентификувате, MinION повлекува случаен дел од ДНК. Научниците го откриле редоследот на нуклеотиди, кој е единствен за секоја личност.

Потоа информациите се внесуваат во компјутер, кој во базата на податоци пребарува со помош на алгоритмот Bayesian.

За жал, денеска оваа технологија чини 1.000 долари, па сѐ уште не е подготвена за масовна употреба на места како што се аеродромите, границите и секаде каде што е потребно да се утврди нечиј идентитет.

Но, доколку Муровиот закон остане во сила и силата на компјутерот продолжи да расте, а истовремено цената на генетичкото секвенционирање продолжува да паѓа, нема да мине многу пред MinION да влезе во масовна примена.

 

 

 

Ќе ви се допадне