НАСА има „само“ три услови за да станете астронаут

Мит е дека сите астронаути се воедно и пилоти, додека вистината е дека искуството во пилотирање е навистина голем плус при пријава за оваа работа, но никако не е услов кој мора да биде исполнет.

Преовладува мислењето и дека астронаутите мораат да имаат и совршен вид, но вистина е дека тоа можат да го постигнат и со ласерска корективна операција. Единствен услов е да помине една година од операцијата до пријавата за работа.

За да добиете работа во НАСА, потребно е да имате диплома од некоја од STEM науките. Секој дополнителен академски чекор се смета за бонус, но и една година работно искуство може да биде замена за мастер или докторат.
Пред пријавата погрижете се да имате и 3 години работно искуство, како и тоа да сте добро физички подготвени.

Потполна дезинформација е дека астронаутите мораат да бидат војници, а не морате да бидете ни многу стари за оваа работа. Просечен астронаут има 34 години, но се пријавуваат професионалци од 26 години па натаму.

Scroll to Top